Попладнево во земјава беше регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот бил 18 километри југоисточно од градот Струмица, на длабочина од 2 километри.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 14 часот и 19 минути според локално време.