Седумдесетгодишната Ленка Најденова штотуку е пронајдена од страна на полициски службеници од полициската станица Беко, откако вчера нешто по 15 часот ја напуштила Клиниката за онкологија каде се лекувала со радиотерапија, објави Слободен печат.
Семејството утринава апелираше граѓаните да им помогнат да ја пронајдат жената и потрагата заврши успешно. Најденова била пронајдена во близина на скопско Кале и таа е со семејството.