Врие полиција денеска во Гевгелија. Запленети се 200 килограми марихуана, а приведени се неколку лица, меѓу кои и локален моќник, кој и порано бил осудуван за трговија со дрога, пренесе Центар.мк.
Полицијата се уште прави претреси, а од МВР само ја потврдуваат акцијата и најавуваат детални информации
по нејзиното завршување.