Во текот на вчерашниот ден во 15.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Горно Нерези, ги лишиле од слобода С.И.(29) и А.А.(27), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден, во одделен случај, во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово на улицата „133“ во Тетово, ги лишиле од слобода В.Х.(20) и 17- годишен малолетник, двајцата од с.Порој, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По комплетно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во трет случак полициски службеници од СВР Тетово на улицата „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода Е.Ј.(32) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкасата материја. По комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.