Полицијата и инспекторите во акција: Испразнета салата „Јане Сандански“ – 150 навивачи од трибините испратени дома

Полицијата и пазарните инспектори вечерва ја испразнија салата „Јане Сандански“ каде што се затекнати околу 150 навивачи, пренесе „Слободен печат“.

-Публиката е испразнета со полицијата, а од наша страна се преземени соодветните законски мерки против организаторот. Ракометниот натпревар бил меѓународен меѓу екипите на Вардар и Брест, изјавил за „Слободен печат“ Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат додавајќи дека натпреварот сепак се одиграл до крајот.

Публиката го напуштила на полувреме, пред да го проследи конечниот резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e