Повредниот полицаец во пукањето во Ѓорче Петров е во добра состојба, со лесна повреда на бутниот мускул, пренесе Канал 5 повикувајќи се на извори од болницата 8 Септември…
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил попладнево околу 16,40 часот во Скопје, на кружниот тек во населбата Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, кога лице од возило „Голф“, пукало кон возило „Мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р…
Неофицијално, ранетиот е син на поранешниот поглавар на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.
Кој и зошто пукал во неговото возило, МВР се уште истражува..
Инаку З.Р. лани имаше проблеми со внатрешната контрола во МВР, откако се вклучил во живо на „Фејсбук“ и по завршување на работните задачи се снимал како шета по улица за време на полициски час… МВР тогаш најави дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на институцијата.
Полицијата вечерва за нападот привела две лица, а повеќе детали се очекуваат утре..