Крива Паланка: „Излези да играме“ вечерва од 18-20ч во градскиот парк

„Жмурка, ластик, народна, војна, штркот бара боја и безброј други – беа популарните игри на една повозрасна генерација. Токму таа генерација денес одгледува и воспитува нова генерација, која неминовно, е под влијание на новото време. А, тоа, ново време носи нови предизвици, навики, нови игри во детскиот свет. За жал, тие игри се почесто се дигитални, а пријателствата колку и да се слатки и комфорни, се виртуелни.

11

Сите се согласуваат дека денешниве деца растат со паметни телефони, таблети и компјутери. И додека има родители кои се радуваат дека децата кои „им чепкаат“ по цел ден пред компјутер се идни програмери, се соочуваме со негативни тенденции во однос на психичкото и физичкото здравје на децата на глобално ниво. Подобро ќе беше никогаш да не дознаевме за аутизам, логопеди, асоцијални деца, деца и млади со телесни деформитети на грбот, а за влошениот вид и да не зборуваме…

Едно е јасно, модерната технологија има низа предности и оваа дебата е неисцрпна, исто како и фактот кој треба да е свет за родителите, за педагозите, за воспитниот и наставниот кадар, за институциите, за државата во целина…Фактот дека децата терба да се рекреираат, забавуваат, спортуваат, да учат нови работи, да го развиваат компетитивниот дух…

36307587_10213863662244291_1001471757929938944_n

За таа цел Здружението за поддршка и развој на бизнисот и претприемништвото „Бизнис Клуб“ од Крива Паланка ова лето ги кани најмалите кривопаланчани, како и гостите во градот на игра на отворено.

Под мотото „Излези да играме“ еднаш неделно се организираат најразлични забавни, спортски и едукативни игри. Традиционалните ластик и кленџик повторно станаа дел од градската улица.

Кога временските прилики не дозволуваат игрите се организираат во спортската сала „Петар Поп Арсов“

36405912_10213863664244341_1632577585298800640_n

„Игрите се наменети за деца од сите возрасти. Идејата е најмалите да се отргнат од компјутерите и паметните телефони. Иако првичната замисла беше игрите да се одржуваат на отворен простор, временските прилики во последниов период не ни беа наклонети. Што се однесува до игрите, играме најразлични забавни игри, ластик, игри со топка, популарната традиционална „кленџик“. Организираме игри за повозрасни дечиња со натпреварувачки карактер, едукативни и логички игри… Ги групираме децата според возраста и го одредуваме соодветно типот на игрите.“- вели Сузе Вучковска, задолжена за организација на детските игри.

36342567_10213863667084412_5682480799077629952_n

„Активностите за игри на најмалите кривопаланчани ќе продолжат во текот на целото лето. Летниот распуст и пријатната клима во нашиот крај се идеални за дружба на отворено. Досега сите настани на кои учествуваа децата преминаа во вистински незаборавни доживувања. Улицата има некоја посебна магија кога на неа се слуша детскиот џагор. Едноставно воздухот е преполн со смеа. Се радуваат и дечињата и нивните родители и баби и дедовци, но и случајните минувачи. Задоволни сме бидејќи нашата идеја беше да ги мотивираме децата да се дружат, да се забавуваат, да научат нешто ново, бидејќи верувајте дел од новите генерации на деца ниту имаат слушнато, ниту знаат за традиционалните улични игри со кои пораснаа нивните родители.“  – вели Андријана Ивановска Давитковска, која е иницијатор на проектот.

36303038_10213863660764254_6662260807499251712_n

„Сакаме кога децата ќе се изморат, ќе вечераат дома и ќе си легнат среќни. Само на тој начин задоволни се и родителите, тоа води кон задоволни работници, одговорни граѓани. Се почнува од нашите најмали и најмили.“ – додава Ивановска Давитковска.

36378410_2067853279923468_6165744145492082688_n

„И не заборавајте на децата, не им се потребни скапи технолошки уреди по најнови стандарди ниту Интернет мрежа. Едноставно потребни им се две нешта: љубов и слобода во неограничени количини. Сакајте ги како и досега и оставете им слобода во детските игри! Добредојдени се сите деца  вечерва во градскиот парк од 18-20ч.“  – стои во поканата од тимот.

37251591_10213993184122257_3673692777620701184_n

Проектот е поддржан од локалната самоуправа на Крива Паланка, а игрите се бесплатни за сите деца.

36338112_2067852636590199_3218740884958871552_n

36277475_2067853083256821_4765433001377005568_n

35859261_390341371478600_265302023954497536_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e