Во просториите на Подрачната единица на МЗШВ во Крива Паланка, беа доделени првите картички за “зелена нафта” на земјоделците од овој крај, со цел промоција на новата мерка за набавка на гориво за земјоделската механизација за земјоделците од општините Крива Паланка и Ранковце.
– Досега oд подрачната единица на ресорното Министерство персонализирани платежни картички добија вкупно 62 земјоделци. Изразуваме благодарност до Владата на РСМ за проектот Зелена нафта за земјоделците кои се регистрирани во нашата општина и во цела држава, каде со оваа мерка се предвидени вкупно 200 милиони денари за 55 000 земјоделци“,- изјави Ивица Бојковски, раководител на ПЕ на МЗШВ .
Во Крива Паланка и Ранковце вкупно 463 земјоделци имаат право да ја искористат оваа мерка.