Почнува 15-от интернационален фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Од утре до недела во Крива Паланка ќе се одржи 15-от меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ на кој во знак на петнаесетгодишниот јубилеј ќе учествуваат 15 фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од седум европски држави.

Фестивалската програма ќе трае три дена, а граѓаните ќе имаат прилика да уживаат во ора, танци, народни песни и игри на учесниците од Белгија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Северна Македонија.

– Трите фестивалски вечери ќе се одржат на градскито плоштад, со почеток од 19 часот, со претходни дефилеа на учесниците од различни локации во градот: првата вечер, Осичка маала, втората вечер од улицата „Херој Карпош“ и третата, од населбата Единство, а во недела градоначалникот ќе организира свечен прием на делегаците на гостите-учесници, информира Мира Ѓоргиевска, директорката на Центарот за култура во Крива Паланка.

kriva-palanka-5-696x787

Традиционално, фестивалот го организираат Оштина Крива Паланка и Центарот за култура во Крива Паланка, а е поддржан од Министерството за кулутра во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето“.

– Со фестивалот се отвора богатата кулутрна програма што следи во наредната недела, како предвестие на празнувањата, чествување на Голема Богородица и празникот на градот, „Свети Јоаким Осоговски“, патронот на Крива Паланка, чие име го носи фестивалот. Покрај вечерните настапи за друштвата кои ќе гостуваат е планирана програма за посета на културните-знаменитости во градот, градскиот музеј, манастирот, испосницата, а на 25-ти ќе има и забавна програма, настанот „One love tour“ на плоштадот „Карпошово востание“, додаде Георгиевска.

На 15-от Интернационален фолклорен фестивал „СветиЈоаким Осоговски“ ќе настапат: фолклорни друштва од Испарта, Турција, Самбервил, Белгија, КУД „Дајре“, БиХ, КУД „Ново Селиште“, Бор, Србија, КУД „Салона“, Солин, Хрватска, КУД „Зора“, Бугарија, КУД „Гоце Маркоски“, Долно Лисиче, Скопје, РС Македонија, КУД „Панче Пешев“, Куманово, КУД „Бучим“, Радовиш, и културно-уметничките друштва од градот домаќи: „8 Октомври“, „Карпош“, „Фолклористи“ и „Сонце“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e