Почна изградбата на улици во должина од еден километар во светиниколскоѕо село Црнилиште. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека ова е едно од поживите села, од каде младите не се иселени и работат на своите ниви.
– Финаниските средства се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој од мерката 3.2.2. и дел од Општина Свети Николе.Изведувач на градежните работи е фирмата ОСД од Скопје, вели Велковски.
Забележува дека во ова село живеаат околу 400 жители, а во текот на викендите и летото во своите куќи се враќаат и жители од Свети Николе и Штип за да ги обработуваат своите ниви.
-Со години не е инвестирано во патната инфраструктура во ова село. Младите овде се ориентирани пред се на земјоделство, вели Велковски.
Во светниколското село Црнилиште потребно е да се асфалтираат улици во должина од уште минимум два километри. Средства за реализација на овој проект ќе се бараат од државниот, но и од општинскиот буџет.