Почина затвореник во кумановскиот затвор

На 29.08.2022 во 14.12 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово било пријавено дека починал осуденикот И.Н.(66) од Куманово. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e