Максим Димитриевски во дебата на ТВ 21 ја нападна ромската заедница за дивите депонии во Куманово, за возење на мотокултиватори „Тоа го прават тие луѓе, прават диви депонии каде стигнат и како стигнат“ изјави Димитриевски.
Пред два дена советник на Димитриевски нападна советник на СДСМ од ромска заедница, еден ден по официјализирањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, како продолжување на режимското насилство врз ромите.
Димитриевски целиот свој мандат ги обвинуваше Ромите за нечистотијата и ѓубрето низ градите и затоа никогаш нема да го добие нивниот глас, особено кога е во коалиција со режимско ВМРО кое ги влечеше Ромите за уши за глас. Ова му порача ромите денес на Максим кои излегоа на протест низ главните улици на Куманово.