После скоро 40 години, “Домот на културата” во Крива Паланка ќе добие нов, современ и модерен лик.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот Сашко Митовски и директорот на НУЦК, Крива Паланка, Дарко Стоилковски, извршија увид во завршните градежни активности.
Со овој проект по 40 години се вршат санација и доопремување на ентериерот во Центарот за култура.
-Ова е центарот на културниот живот, и место каде што покрај матичните културни содржини се презентираат и многу други културни вредности од врвни институции од земјата и странство. Крива Паланка се развива, се модернизира и доживува културна, социјална и економска експанзија, порача министерот Николовски.