По 2.000 евра казна за 11 скопјани за прекршување на полицискиот час

Против 11 лица кои не го почитувале полицискиот час во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози. Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од кривичниот законик.

Имено, во одвоени кривично-правни настани, тие биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола и тоа во временскиот период во кој движењето на населението е забрането како мерка за спречување на ширењето на заразна болест.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје да определи парични казни од по 100 дневни глоби за сите обвинети, при што поединечната висина на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Од ОЈО Скопје информираат дека поднеле Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e