Петмина скопјани киднапирале свој сограѓанин, полицијата го ослободила од објектот каде го држеле

Полицијата ги уапси Б. П. (56), Н. П. (50), М. П. (25), С. П. (19) и О. Р. (31), сите од Скопје, откако било утврдено дека тие киднапирале скопјанец и го чувале во деловен објект во Карпош.

Случајот го пријавила сопругата на грабнатиот 56-годишен маж, која на полицајците им кажала дека грабнувачите веќе цел ден противправно го држеле нејзиниот сопруг.

„Инспектори од Единицата за насилен криминал извршиле претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б. П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e