Петмина повредени во судир на три автомобили кај Јажинце

На 08.03.2021 во 15.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово –с.Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.С.(35) од с.Џепчиште, тетовско, патничко моторно возило „цитроен ц3″ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(40) од с.Џепчиште и патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(44) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „цитроен Ц3″, Н.Б.(66), а со телесни повреди се здобил возачот и сопатниците Б.Б.(36) и двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e