Синоќа околу полноќ се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија пет лица. Во несреќата во близина на Драчево се судриле камион и автомобил.
До несреќата дошло кога се судриле рено5 кампус и камион за собирање на смет. Според неофицијалните информации една од жртвите е девојче. Очевидци изјавуваат дека реното се движело со преголема брзина и изгубило контрола и удрило во камионот.
Три лица починале на лице место, а две на скопските клиники. Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.