Пешак тешко повреден во сообраќајка во Центар

Пешакот Б.А.(78) од Скопје се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил „Пежо“  управуван од 69-годишниот скопјанец Д.К.

Несреќата се случила вчера околу 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“. Пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e