Пешак пренесен во болница откако во него удрил автомобил

Струмичанец е тешко повреден откако бил прегазен од автомобил. Несреќата се случила на ул.„Благоја Стефковски” а пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

„На 09.08.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски” во Скопје патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(58) од Скопје, удрило во М.К.(52) од Струмица. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e