Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски ги соопшти програмските мерки за граѓаните усвоени на денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка.
– Со годишниите оперативни програми за работа за 2024 година предвидуваме бројни мерки за директна поддршка на различни категории граѓани со кои јасно ја покажуваме грижата за сите граѓани, напиша тој и ги сподели сите мерки наменети за граѓаните на Крива Паланка.
Ваучери за купување гардероба за корисниците на Дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост и лица згрижени во згрижувачки семејства вкупно 300.000 денари

Еднократна финансиска поддршка од 3000 денари за секое лице со попреченост по повод 3 Декември

Финансиска поддршка за летување за деца од социјално загрозени семејства 500.000 денари

Еднократна парична помош од 3.000 денари за секое првооделенче во 2024

Еднократна парична помош од 3.000 денари за секој матурант во 2024 година

Финансиска помош за купени дигитални уреди за студенти од 6.000 денари

Финансиска помош за купени дигитални уреди за млади невработени лица до 29 години од 9.000 денари

Финансиска помош при купување велосипеди за девојчиња и момчиња, 4.000 денари

Стипендии за 17 талентирани ученици и студенти во 2024 година

Стипендии за 18 ученици спортисти во индивидуални екипни спортови во 2024

Вкупна вредност на Програма за спорт за 2024 година, 2.625.000 денари од кои за поддршка на програмски активности на локални спортски клубови и здруженија се издвоени 1.460.000 денари

Програма за култура вредна 8.490.000 денари од која за поддршка на годишни програми и проекти на здруженија на граѓани и физички лица од областа на културата се издвоени 550.000 денари

