Градоначалникот на општина Крива Паланка информираше за сите превземени мерки во Општина Крива Паланка во изминатите 15 дена, во борбата со пандемијата предизвикана од Корона:
➡️ Оформени мобилни тимови во соработка со Црвен Крст за логистика при влез на патници на ГП “Деве Баир”
➡️ Оформени мобилни тимови во соработка со Црвен Крст за помош во домашни услови 078/306-647
➡️ Отворена телефонака линија за психо-социјална помош 070/949-776
➡️ Успешна реализација на Е-настава преку користење на разни дигитални алатки и електронски платформи за учење од дома
➡️ Донесени интерни правила за превенција на вработените во Општина Крива Паланка
➡️ Извршена дезинфекција на ГП Деве Баир, јавни локации, улици, садови за смет, јавни тоалети
➡️ Извршена дезинфекција на сите простории во Јавни установи и институции на локално
➡️ Постојана координација преку Општинакиот кризен штаб со сите релевантни институции на локално и централно нивo
➡️ Наредба за затворање на зелениот градски пазар и сите спортски терени и објекти
➡️ Извршена дезинфекција на сите надворешни детски игралишта и урбана опрема и реквизити
➡️ Редовна контрола на терен од страна на општинските инспекциски служби во однос на примена на мерките и препораките од Владата
➡️ Редовна контрола на сите повратници од високо и средно ризичните држави
➡️ Активирани телефонски линии за пријавување евентуални неправилности и непочитување на мерките и препораките
➡️ Апел да се почитуваат насоките на релевантните институции да се остане дома
➡️ Апел да не се создаваат дома залихи од храна, хигиенски производи и лекови
➡️ Дадена насока на сите Совети на станари да извршат дезинфекција на влезовите и заедничките делови од колективните стамбени згради