Отворена ретроспективната изложба „20 години аматерско творештво“ на Игор Додевски

Вечерта 19-ти јули во Градскиот музеј Крива Паланка со почеток во 20.00 часот беше отворена ретроспективната изложба „20 години аматерско творештво“ на Игор Додевски. Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и Градски музеј, а се одржува во рамки на Кривопаланечкото културно лето.

37380873_10155608548232196_8539309567668912128_n

Градоначалникот Борјанчо Мицевски во свето обраќање пред бројните посетители  истакна дека во рамки на Кривопаланечкото културно лето се предвидени повеќе настани меѓу кои и оваа изложба со што се збогатува културниот живот во општината, се промовираат локалните автори, а воедно упати пофални зборови за делата кои се изложени во рамки на изложбата. Директорот на ЛУ Градски Музеј Драган Величковски дадено воведно излагање за самиот автор и за делата, а самиот автор Игор Додевски се заблагодари на гостите кои со своето присуство ја збогатија изложбата.

37388628_10155608548622196_7696711952847863808_n

Целиот настан помина во пријатна атмосфера со разгледување и прослава на 20 години ретроспектива на аматерско творештво.

37394235_10155608548457196_6330581958065651712_n 37500649_10155608548537196_2576738781394632704_n 37592863_10155608548197196_2192098204902752256_n 37339625_10155608548372196_6854232252058959872_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e