Со вкупен резултат од 2:0 во сетови ( 25:22; 25:15), во финалниот натпревар одигран во малата сала на Спортскиот центар „ Борис Трајковски“, одбојкарките од ООУ „ Петар Поп Арсов“ oд општина Карпош ги победија основките од ООУ „ Владо Тасевски“ во големото финале, и со тоа станаа овогодинешни одбојкарски шампионки во општинските училишни лиги.
Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев, им го подели победничкиот пехар на шампионките, и медалите и дипломите на останатите најдобропласирани екипи. Најкорисен играч во оваа натпреварувачка сезона е Николина Наумова од „ Петар Поп Арсов“, а најталентирана ракометарка е Ивона Божиновска од „ Владо Тасевски“. Најдобар играч за оваа година е одбојкарката Ива Чадиковска од „ Владо Тасевски“. Бронзениот медал го освоија одбојкарките од „Димо Хаџи Димов“.