Општина Ранковце: Поставен камен темелник на изградбата на ,,Голем Дол”

Како дел од проектот “Заеднички акции за спречување од поплави во прекуграничниот регион”  вчера беше поставен камен темелник на изградбата на коритото на ,,Голем Дол” во село Ранковце, со што ќе се реши голем проблем на жителите на Ранковце и околината во врска со прекумерните поплави кои се јавуваат заради слабата регулација на коритото на самиот дол.

На средбата беше направено традиционално осветување на камен темелникот а на свеченоста беа присутни и претставници на бугарскиот партнер предводени од заменик градоначалникот на Општина Бобов Дол, Г-ѓа Детелина Борисова.

Проектот е во рамките на Интерег ИПА програмата за меѓуграничка соработка а  имплементиран од страна на Општина Ранковце, Р. Македонија и Општина Бобов Дол, Р. Бугарија.

На настанот како свое обраќање имаа токму градоначалниците на двете општини, Г-ин Момчило Алексовски и Г-ѓа Детелина Борисова.

И двајцата градоначалници истакнаа дека се надеваат на успешно завршување на градбата за како што кажаа да се реши повеќегодишниот проблем кои граѓаните на општината го имаат во врска со пречестите излевања на атмосферската вода и огромните штети кои граѓаните ги трпат како последица токму на овие излевања.

19955834_1390645627685718_7647357534736682261_o

20017860_1390645614352386_8899375812595925049_o

19983994_1390645637685717_5514793203498310839_o

19983984_1390645777685703_1963727992249108433_o

20017608_1390645924352355_3732171907618185505_o

20017599_1390645937685687_2206147828257758786_o

20117273_10209742091697233_1482956540_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e