Општина Пробиштип го одбележа Светскиот Ден на планетата Земја

Со низа на активности општина Пробиштип го одбележа 22. април – светскиот Ден на планетата земја.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов одржа прес конференција на којашто ги презентираше тековните и идни активности и проекти, кои се во насока на намалувањето на штетото влијание врз животната средина.

Еден од проектите е „Биоотпад“ којшто има за цел преработка на органскиот отпад во 3 копмостери, една наменета за угостителските објекти и две за населението, од која ќе се добива високо квалитетно ѓубриво кое општината ќе го користи за свои цели. Преку практично, но и научно истражување на работењето на единиците да се покаже ефикасноста на воспоставувањето на новиот систем за собирање на отпад, по принципот – „плаќај колку што фрлаш“.

Велосипедистите од општинските училишта го одбележаа денот со велосипедско дефиле почнувајќи од ул. „Цветко Тонев“ низ повеќе улици во градот, а финишираа на градскиот плоштад.

Се одржа и работилница во ОУ „Никола Карев“, на којашто учениците од општинските училишта изработија предмети од рециклирачни материјали.

02 den na planeta zemja

den na planeta zemja2den na planeta zemja4den na planeta zemja5den na planeta zemja6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e