Од Општина Крива Паланка упатуваат свечена покана за присуство на свечената академија во чест на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Академијата ќе се одржи на 23 мај во НУ Центар за култура, со почеток во 20.00 часот. На истата ќе биде прогласен и најуспешниот просветен работник на територијата на општина Крива Паланка за учебната 2017/2018 година.