Општина Крива Паланка ќе додели еднократна финансиска помош на настраданото население во Украина

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека едногласно е усвоена Одлуката за доделување еднократна финансиска помош на настраданото население во Украина на денешната вонредна седница на Советот на Општина Крива Паланка.

„Нашата солидарност во овие тешки денови за граѓаните на Украина е најмалку што можеме да направиме“, истакна Митовски.

Митовски упати благодарност до сите советници за поддршката на иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e