Општина Крива Паланка е добитник на признание за најдобро адаптирана веб страница за лица со попреченост

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и додели Признание на Општина Крива Паланка за најдобро адаптирана веб страница за лица со попреченост.

Priznanie-1024x724

Општина Крива Паланка во насока на подобрување на пристапноста до информациите од јавен карактер  за лицата со попреченост воведе модул за веб пристапност на официјалната страна на општината www.krivapalanka.gov.mk.

Модулот содржи алатки за промена на големината на фонтот, прилагодување на бојата на контрастот и на линковите во зависност од потребите на корисниците како и исклучување на анимациите кои кај одредени лица може да предизвикат фотоепилептични напади.

Општина Крива Паланка ќе продолжи и понатаму во насока на исполнување на начелата  кои се опфатени во водичот за пристапност на веб содржини, објавен од Иницијативата за веб пристапност (WAI) на Конзорциумот  W3C, а со цел обезбедување задоволителен пристап за лицата со инвалидност кои користат помошни технологии за работа со компјутери и интернет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e