Дека општинската власт во Крива Паланка, на чело со градоначалникот Борјанчо Мицевски, се бори за инклузивно општество, говори и фактот дека се излезе во пресрет на лицата со пречки во развојот. Отсега и овие граѓани на општината ќе имаат можност за соодветен пристап до официјалните информации поврзани со работата на локалната самоуправа со помош на интернет алатката која пред некој ден беше поставена на општинската веб страна http://www.krivapalanka.gov.mk/
Имено, лицата со пречки во развојот, преку соодветни компјутерски операции ќе имаат олеснет пристап до информациите кои сакаат да ги прочитаат на веб станата на општината.
Општина Крива Паланка е прва општина која воведува алатка од ваков тип, а според одговорните ова е еден од првите чекори во борбата за овозможување на подобри услови за живот на оваа категорија на граѓани. Исто така, ова е едно од предизборните ветувања на првиот човек на градот, Борјанчо Мицевски.
Во пресрет на најголемиот христијански празник, Христовото воскресение-Велигден, дел од лицата од Дневниот центар, беа во посета кај градоначалникот на општината. Во рамки на посетата тие му подарија рачни изработки со велигденски мотиви, кои сами ги изработуваат.
Градоначалникот Мицевски им упати честитки за претстојниот празник и им врачи пригодни подароци.
Предходно пак, две семејства од социјално ранливи категории од Крива Паланка кои живееја во дел од опожарените бараки на влезот на општината, беа времено дислоцирани и згрижени до изнаоѓање на трајно решение, со вкупно 12 деца од кои едно со пречки во развојот.
Како што истакна градоначалникот, тој и понатаму ќе работи на згрижување и интегрирање на овие категории на граѓани, за како што вели креирање на општество на еднакви можности за сите.