Општина Центар и годинава, по четврти пат се приклучи кон големото светско семејство што го празнува Светскиот ден на уметноста.
Заедно со Асоцијацијата ИКОН општината ја организираше изложбата „Манастирот Св. Наум како ликовен сон“ на познатиот австриски уметник Бернхад Холеман.
Станува збор за еден од најистакнатите австриски уметници, добитник на наградата Леонардо да Винчи во Италија , кој специјално по овој повод беше дојден во Скопје.
„Во оваа прилика, би сакала да истакнам дека со овој значаен културен настан, Општина Центар исто така дава свој придонес и во одбележувањето на Европската година на културното наследство 2018“, рече на отворањето секретарот на општина Центар Маја Ралевска.
Изложбата е поставена во Музејот на Град Скопје и ќе трае две недели.
Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15 април по повод раѓањето на Леонардо да Винчи.