Зимската служба на Општина Центар има склучено договор со компанијата „Анизор“ со што вкупно шест специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период за справување со евентуалните снежни врнежи.
Од општината, информираат дека договорот опфаќа две возила со плуг и соларка, три специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари.
Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и во координација со градските служби, е подготвена веднаш да делува во случај на евентуални снежни наноси.