Општина Брвеница за првпат добива своја градинка

Власта предводена од Социјал демократскиот сојуз продолжува со исполнување на ветеното. За нас зборот важи, а делата говорат. – рекоа денес на прес конференција од  ОО СДСМ Тетово.

Инвестираме во нашата иднина. Инвестираме  во квалитетен едукативен процес на децата од предучилишна возраст, преку изградба на соодветни објекти и вложување во воспитно-образовниот кадар.
Општина Брвеница за првпат добива своја градинка.
За изградба и опремување на новиот објект се издвоени над 26 милиони денари. Отвораме простор за 80 дечиња, инвестираме во раниот детски развој.

 Комплетно се реконструирани и реновирани два објекти на Општинската јавна установа за деца, детската градинка “Младост” Тетово, и тоа објектите на “Стара градинка” и  градинката на “Поток”.
Овозможуваме соодветен, безбеден и удобен престој за најмалите.
Со зголемувањето на платите на вработените во детските градинки за 21% односно над 3000 денари, покажуваме дека ја цениме и вреднуваме нивната посветеност на работата.
Изготвен е и план проект и наскоро отпочнува изградба на уште еден нов објект за детска градинка во Тетово.
Се грижиме подеднакво за сите, сакаме задоволни граѓани.
Зборот важи! – порачуваат од  ОО СДСМ Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e