Неколку општествено одговорни компании и поединци од Крива Паланка обезбедија дигитално пијано за младите музичари од градот кои музички се едуцираат во класата на професорката Лариса Жулина Митовски.
-Ова дигитално пијано е донирано на професорката за да и послужи во идната успешна педагошка работа и идни успеси, велат донаторите.
Професорката изрази голема благодарност за донацијата со која младите музички надежи ќе можат музички да напредуваат.
– -Посебна благодарност до донаторите. Ова е навистина прекрасен гест со кој се искажува поддршка за нашата посветена работа со децата уште од најмала возраст, музички да се едуцираат, да вежбаат, да настапуваат и напредуваат во музиката. Наедно, ова е и потврда и своевидна благодарност за сите досегашни успеси кои им ги подаривме со младите музичари, порача таа.
Меѓу донаторите се Технички преглед за возила – Крива Паланка, „Фурна Вардар“, „Лили Бјути Квин“, Мицевски Милорад, Сики Пласт, ТП Мони 98 и ЅJY Фросина Спасовска.