Опожарена градската депонија во Крива Паланка

Рано утрово опожарена е градската депонија, станува збор за пожар од поголем обем за што ангажирани се сите вработени, информираше градоначалникот на Крива паланка сашко Митовски.
Како што информираше тој, сите екипи на Територијалната противпожарна единица и вработени во ЈП Комуналец со целокупната расположлива механизација се на терен.
– На помош се приклучија и приватните компании кои изведуваат градежни работи на територијата на Општина Крива Паланка кои обезбедуваат материјали за побрзо справување со состојбата, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e