Операта „Кармен“ на сцената на НОБ под диригентската палка на Оксана Мадараш од Украина

По повеќе од две години на сцената на Македонската Опера и Балет беше изведена култната опера „Кармен“ од Жорж Бизе под диригентската палка на Оксана Мадараш од Украина, во режија на Нина Најденова од Бугарија.

bb

Енергија и посветеност, музика и драмa се чувствуваше од сцената, како спој на соработката на македонските и украинските музичари.

-Сакам да изразам благодарност до Амбасадата на Украина во Северна Македонија за топлото добредојде и топлата поддршка за време на мојот настап во МОБ. Амбасарорката Г-ѓа Наталија Задорожњук организираше топол прием, на средбата разговаравме и за можните насоки на украинско-македонска соработка во музичката сфера, за поширока застапеност на украинската уметност во Северна Македонија, изјави Мадараш.

-Благодарност и до мојата колешка и соученичка, Лариса Жулина-Митовски, за идејата за воспоставување на мојата соработка со Макеоднската Опера и Балет. Исто така голема благодарност до директорот на НОБ, Васко Ристов, за поканата и севкупната поддршка. Воодушевена сум, навистина, од големиот професионализам и умешност на оркестарот, хорот, солистите и сите останати кои беа вклучени во изведбата на операта „Кармен“, рече украинската диригентка.

Операта „Кармен“ се одржа во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021.

ccc

Настапија:
Кармен: Николина Јаневска
Дон Хозе: Зоран Сотиров
Ескамилио: Ристе Велков
Микаела: Сандра Митровска
Фраскита: Ана Ројдева Талевска
Мерцедес: Соња Пендовска – Мадевска
Данкаиро: Драган Ампов
Ремендадо: Дејан Стоев
Цунига: Ернес Ибраимовски
Моралес: Драган Ампов
Балет:
Жени: Илијана Данаилов, Бојана Христовска, Ангела Богатинова, Мартина Димовска
Maжи: Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Кристијан Јангос, Никола Орсо
Настапија хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e