ОО СДСМ Охрид: До кога ВМРО ДПМНЕ ќе си ги препишува туѓите заслуги како свои?

По вчерашната изјава на градоначалникот Кирил Пецаков за отпочнување на градежните работи за реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“, денес реакцијата од ОО СДСМ Охрид.
Во неа велат дека проектот беше најавен уште во 2020год., а договорот за негова реализација официјално беше потпишан на 3-ти септември од градоначалникот Константин Георгиески и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Радува фактот што актуелниот градоначалник Кирил Пецаков ги продолжува проектите на минатата Локална самоуправа предводена од СДСМ, но доблесно ќе беше тоа и да го спомене на вчерашната прес конференција на која заедно со претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кој патем се поставува прашањето во кое својство беше таму, се пофалија дека инфраструктурно ќе се уреди оваа сообраќајница. До кога ВМРО ДПМНЕ ќе си ги препишува туѓите заслуги како свои? – прашуваат во реакцијата од ОО СДСМ Охрид.

Инаку, градоначалникот, Кирил Пецаков вчера изјави дека документацијата за отпочнување со градежните активности на улицата „Македонски Просветители“ била завршена во изминатиот период, додавајќи дека останати се само уште две работи кои не биле завршени со документација. Во рокот од 6 месеци тековно ќе бидат средени сите потребни документи, како и тендерот за осветлување, додаде Пецаков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e