СДСМ-Крива Паланка со донација за нивниот сограѓанин Дојчин

Веднаш по објавувањето на сторијата за условите во кои живее Дојчин Павловски од кривопаланечкото село Дурачка река активистите од општинската организација на СДСМ – Крива Паланка му излегоа во пресрет на својот сограѓанин.

Поаѓајќи од премисата дека хуманоста e темел на социјалдемократијата тие на Дојчин во неговиот торшен дом му однесоа пакети со храна, хигиенски производи и топла облека во пресрет на Божиќните празници.

СДСМ – Крива Паланка традиционално и годинава во екот на Новогодишните и Божиќните празници своето празнување го разубавија со споделување симболични пакети на месните жители од социјално ранливи категории од околните села на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e