One Love Tour – Дуети на македонски и бугарски музичари во Крива Паланка

Вистински спектакл синоќа на плоштадот Карпошово востание направија бројни музички звезди во рамки на ЕДНА ЉУБОВ преку границите на двете држави Република Северна Македонија и Република Бугарија. На едно место љубителите на музиката , кривопаланчани, бројни гости од земјата и пошироко, уживаа во најдоброто од двете држави за сите генерации.

69614184_387187378610272_8999162353022926848_n“One Love Tour“ по трет пат се организираше во Крива Паланка а организатори на фестивалот се се Иноватива Груп и Междина станција со поддршка на Општина Крива Паланка и Минстрои Холдинг.
Пред почетокот на фестивалот градоначалникот на Крива Паланка , Борјанчо Мицевски ги прими учесниците во својот кабинет на кои им додели плакета за посебна пригода а плакета му беше доделена и на претставникот на Минстрои Холдинг.

69158108_1316834535160594_1472352851068977152_n– Навистина сум среќен и задоволен од огромниот број на гости кои пристигнаа во Крива Паланка, градот е обоен во боите на флоклорот, традициите и спој на разни култури. Правиме се нашите граѓани и гости кои ги имаме од секаде, да се чувствуваат пријатно, убаво и да уживаат во се она што го нуди нашиот град и ние како општина, изјави градоноачалникот Мицевски.

68930191_1145516755631553_6742647550009933824_nНа настанот, на кој учествуваа , Слаткаристика, Графа – Владимир Ампов, 2 Бона,Михаела Филева и други беа преставени и традициите на двете земји како разновидност на македонското и бугарското културно наследство.
Од синоќешниот спектакл може да се заклучи дека двете држави посветуваат посебен интерес во негувањето на доборсоседските односи и дека ваквата традиција ќе продолжи и понатаму. Минатата година, отворањето на овој фестивал беше во Скопје, а оваа година во Струмица,новитет е што оваа година Крива Паланка е додаден на оваа фестивалска мапа.

68902159_345026619712998_688122931267502080_n 68865631_10156483672252196_2430620064089636864_n 69089532_10156483672412196_4750389229882703872_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e