Синоќа била ограбена скопската Зоолошката градина. Украден е голем дел од алатот со кој се одржува градината и причинета е поголема материјална штета вели за СДК директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски.
Крадците доцна вечерта влегле во Зоолошката прекачувајќи се преку оградата од паркот, во делот кај тениските терени „АБЦ“. Чуварот утрово кога вршел проверка низ градината забележал дека магацинот каде се чува алатот и ограбен и однесен голем дел од алатите.