Одржана првата работилница на тема – Родово одговорна стратегија за развој на Крива Паланка

Во општина Крива Паланка денес беше одржана првата работилница со назив Родово одговорна стратегија за разој на Крива Паланка. На работилницата учествуваа голем број вработени од општината, од образовните институции,претставници од социјална и здравствена заштита, директори и раководители на сектори, претставници од Советот наопштината, невладини организации, синдикати, претставници од приватниот сектор и многу други.

Сите присутни работеа во групи помагајќи заеднички да се донесе и креира стратешкиот план за именуваната тема, опфаќајки ги шесте принципи и тоа економија, рурален развој, образование, спорт и култура, животна средина, социјална и здравствена заштита, локално управување, информатичка техонологија и информирање на граѓаните.

Првата работилница Родово одговорно буџетирање-унапредување на родовата еднаквост е во рамки на регионалниот проект за промоција на родово одговорно буџетирање во соработка и координација со канцеларијата на UN Women од Скопје.

-Станува збор за стратегија која се однесува на рамноправност на двата пола како дел од родово одговорни поитики во Југоисточна Европа.
Стратегија се однесува за пет годишен период –истакна соработникот Кристина Хаџивасилева.

Хаџивасилева потенцираше дека во наредниот период ќе бидат одржани уште две работилници поврзани со оваа тема и тоа во периодот на 28.01.2020 и 11.02.2020 година.

На првата работилница присуствуваше и градоначалникот на општина Крива Паланка,Борјанчо Мицевски кој ја искажа благодарноста за долгогодишната соработка со UN Women од Скопје и до големиот број присутни учесници на овааработилница.

-Потпишавме Повелба за кеирање на родово сензитивни политики и родова еднаквост во лоалниот живот. Знаејќи дека стратегијата е најважниот општински документ верувам заедно со ваша помош ќе креираме нова стратегија и насока за развој на општината во наредните пет години-рече Мицевски.

Во периодот што следи ќе се одржатуште две работилници на кои очекуваме поголема бројка присутни кои преку активната работа на конкретните теми ќе помогнат во креирање на стратешки, реален документ со кој ќе се гордееме во наредниот период-истакна градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На работилницата имаше едкаквост пмеѓу родовите-мажи и жени.

Да потсетиме Добра општинска стратегија треба да биде базирана на добра анализа,релевантна и јасно дефинирана,партиципативна,изводлива и реална,да ги опфаќа сите шест значајни области, инклузивна (да ги отсликува потребите на мажите и жените),да биде стратегија за сите во општината а не само на локално ниво.

При Стратечкото планирање ќе се земе во предвид профилот на општината,резултатите од анализата визија и мисија,стратешки приоритети и акциските планови по години.

Во трите работилници ќе бидат вклучени сите засегнати страни и воедно се очекува Родово одговорната стратегија за развој на општина Крива Паланка да биде изработена до Март/Април следната година и поднесена на усвојување до општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e