Во организација на фондацијата „Со срце за Крива Паланка” во Крива Паланка се одржа бизнис-форум на тема „Искористување на сите инструменти до подобар економски перформанс и зголемување на локалниот економски раст”.На овој форум беа поканети сите претставници од локалната бизнис заедница.
На форумот беа опфатени повеќе теми на кои говореа професори, директори и сл. Свое воведно обраќање пред големиот број присутни гости имаше градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, потоа на тема „Фактори за раст и улогата на државата“ говорше Јован Зафироски, професор на праниот факултет, а за активните мерки и субвенции за вработување свое излагање имаше Биљана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување на РС Македонија.
За улогата на општественото корпоративно однесување и даночните ослободувања и олеснувања по тој основ, ги презентираа Мухедин Авдиќ и Ивана Дончевска од Управа за јавни приходи.На бизнис форумот се обрати и Валентина Тасева, надзорен орган на Фондацијата и директор на „Семос Едукација“ и Ирена Белешковска, извршен директор на фондацијата “Со срце за Крива Паланка”.
За можностите за пристап до мерките од ИПАРД програмата, за растот и развојот на малиот и среден бизнис, како и за Европските програми управувани директно од Европската комисија и ЕС во 2020 година и за периодот 2021 – 2027 година- Програма Хоризонт 2020, која е со најголема поддршка за развој на бизнисот и општините и Програмата ERASMUS+, говореше експертот Веселин Халачев, претседател на ОБК и член на Бордот на директори на Европската Алијанса на мали и средни бизниси во Брисел.
Со еден збор меѓу другото присутните гости на форумот, меѓу кои претставици од локалната бизнис заедница, претставници на јавни институции, спортски и граѓански здруженија, и други граѓани, имаа можност да се запознаат со даночната политина на Владата на РС Макединија, за олеснувањата во овој сегмент, можностите за кредитирање, активните мерки за вработување, субвенционирање на плати за нововработените и за проектите што може да ги аплицираат работодавачите и компаниите.