Поради зголемениот сообраќај за време на оддржување на престојниот Музички фестивал „Џој Фест 2023“ Општина Крива Паланка излегува во пресрет на сите посетители и учесници на овој настан, сопственици на моторни возила и за таа цел обезбеди дополонителни паркинг места за сигурно и безбедно паркирање, како и редарска служба за помош при паркирање.
Сопствениците на моторни возила сега имаат можност за сигурно и безбедно паркирање на неколку локации во близина на централното градско подрачје, а на секое од предвидените места за паркинг, ќе има редари кои ќе пружаат помош при паркирање на возилата, информираат од локалната сампоуправа на Крива Паланка.
Предвидени зони за паркирање се :
1. Прва зона – паркинг место позади петте згради кај населба Единство
2. Втора зона – паркинг место кај градскиот пазар
4.Четврта зона – паркинг место кај градскиот базен



