Во следните четири дена, почнувајќи од утре, ќе се врши упис во Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Аеродром.
Училиштето нуди повеќе стручни профили.
„Повеќе профили – повеќе можности, место има за сите, и за најдобрите и тие што се со послаб успех“, порачува Дарко Спасев, актуелен помошник директор.
Оваа образовна институција, со повеќе од петдеценсико искуство, од годинава го нуди и новиот профил – техничар за заштита на животната средина како резултат на сѐ понагласениот предизвик на современото живеење – екологијата и заштитата на животната средина.
За запишување потребни се следниве документи: пријава за упис која може да ја најдете на следниов ЛИНК, оригинални свидетелства од шестто до деветто одделение, Извод од матичната книга на родените и освоени дипломи од државни и меѓународни натпревари.
„Марија Кири-Склодовска“ ги нуди следниве струки и профили:
Хемиско-технолошката стука ги нуди профилите: хемиски-лабораториски техничар, техничар за козметички и хемиски производи и новиот профил – техничар за заштита на животната средина.
Здравствената струка ги нуди профилите: фармацевтски техничар, медицински лабораториски-санитарен техничар и болничар-негувател.
Предвидени се и две паралелки за профилот техничар за очна оптика.