(ВИДЕО) Обвинителството го истражува пожарот во Велес во кој прегрнати загинаа три деца

Tрите деца на Никола Давчевски и Марина Антониевска од Велес на возраст од четири, две и една година изгореа во пожар кога попладнево се запали собата во која живееле.

Децата биле сами дома, родителите ги заклучиле во собата и излегле до продавница. Соседите велат дека ги виделе пламените јазици некаде пред 16 часот и веднаш ја алармирале противпожарната служба, но додека пожарникарите стигнале, децата веќе биле мртви.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес вчера извршил увид во куќата под ридот Вршник во Велес.

Според првичните сознанија на јавниот обвинител, родителите ги заклучиле децата, две сестри и еден брат, и заминале во продавница. За тоа време, од засега непознати причини, избувнал пожар и за кратко време ја зафатил куќата.

Јавниот обвинител издал наредби за обдукција на починатите деца и продолжува со постапката за утврдување на причините на несреќата.

Според „СДК“, децата во критичните моменти биле сами дома, бидејќи родителите отишле да купат јадење. Огнот го забележале соседите околу 15.30 часот и веднаш повикале пожарна и лекарска екипа. Пожарникарите стигнале во 16.05 часот, а огнот бил локализиран во 18 часот. Пожарникарите интервенирале со две помали возила. По нив набргу пристигнала и екипа од Итната медицинска служба, јавува „СДК“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e