Денес во општина Крива Паланка се оддржа обука за ,,Менаџмент и онлајн туризам“, како дел од активностите на проектот Туриазм без граници, кој е финансиран преку преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Косово, а Општина Крива Паланка, заедно со општина Витина од Косово го спроведува овој проект.
Обуката се спроведува во 3 модули. Првите два модула беа, обука за туристички водичи и обука за природен туризам и руралниот туризам, како дел од приуродниот туризам. Третиот модул е онлине туризам, кој со целните групи се спроведува во општина Крива Паланка.


,,Користењето на новите технологии носи и нови предизвици и можности за развој на динамичен туризам со креирање на онлајн понуда за привлекување на поголем број туристи.Во таа насока е и денешната обука, која особено е од значење на помладите генрации кои многу побргу и посоодветно ги следат и ги користат социјалните мрежи и интернет комуникацијата, а која може да се стави во функција на равој на туризмот“ – изјави Мицевски во своето поздравно обраќање.