Наставниците од основните училишта на општина Центар денес се дел од обуката за подготовка на апликација за ЕРАЗМУС програмата за образование.
Обуката ја реализираат наши наставници, кои веќе користат грант од оваа програма. Ова е прва од серијата од три обуки за подготовка на ЕРАЗМУС проекти што ги реализира општина Центар за наставниците од нашите основни училишта.
Општина Центар создава можности за искористување на европските фондови за развој со цел на нашите деца да им овозможиме квалитетно и здраво, европско образование. Создаваме вредности ЗА европски Центар и европска Македонија.