Љ.Ѓ. од село Конопница се обидела да го убие својот сопруг со удар со шрафцигер во пределот на градите по што го однела во Здравствениот дом во Крива Паланка каде му биде укажана лекарска помош.
Поради сериозноста на повредата, повредениот е префрлен во Клинички центар – Скопје.
Против Љ.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убиство во обид”.