Новото улилиште во Капиштец е адаптирано за деца со попреченост

Новото основно училиште „Киро Глигоров“ е пример за вистинска грижа за граѓаните. – рече денес на прес конфернција  Горан Герасимовски – претседател на ОО СДСМ Центар.

Изградено е според највисоки современи стандарди и нуди квалитетни услови за нашите млади.

Дополнително, објектот е адаптиран и целосно пристапен за лица со попреченост.

Во неговиот состав ќе функционира и посебен Дневен центар за деца со церебрална парализа, за што е комплетно уреден простор според нивните потреби.

Со него се решава повеќедеценискиот проблем на жителите на Капиштец, кои повеќе нема да ги носат своите деца во училишта од други населби.

Оваа власт уште еднаш докажа дека работи според приоритетите на граѓаните.

Продолжуваме силно да инвестираме во идните генерации и поквалитетен живот за сите. – порача Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e