Новогодишни пакетчиња за децата од градинката во Крива Паланка

Општина Крива Паланка и оваа година ги израдува најмладите од општината згрижени во гардинката „Детелинка“.
Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги посети дечињата од двата објекта на градинката – „Пролетна роса“ и „Виножито“ и заедно со Дедо Мраз им подари новогодишни пакетчиња.
Palanka– И оваа година, иако пандемијата ни скрати многу планирани новогодишни моменти за радост, забава и дружење на најмладите, сепак не заборавивме симболично да им укажеме внимание. Па така, денеска го реализиравме традиционалното доделување пакетчиња и им го донесовме Дедо Мраз. Присуствувавме на предновогодишното радување на најмалите и на сите дечиња им посакавме среќно и безгрижно детство, а Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки, изјави Мицевски при доделување на пакетчињата кое се одржа со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e