Нови пријави за поставени бомби во средни училишта

И денеска повторно имало дојави за бомби во четири средни училишта во Скопје.

Учениците се евакуирани, а екипи на полицијата прават проверки. Минатата недела три дена по ред, како и оваа работна недела имаше дојави за бомби. Приведен беше Никола Николовски, за кого потоа Обвинителството соопшти дека меѓу него и дојавите за бомби нема поврзаност. Инаку, претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека мејловите со закани се испратени од странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e